Македонска патриотска песна во Солун од страна на младиот стружанец Методија Столески. На видео кое е објавено Методија ја пее песната „Каде сте Македончиња“.
За тоа како дошло до овој настан Методија за Охрид1 открива дека учестувал на конференција за правата на македонците во Егејска Македонија, па сосема случајно некој човек му ја дал хармониката и побарал да отсвири песна.
-Учествував на конференцијата за правата на македонците во Егејска Македонија организирана од “Обединета македонска дијаспора” од Америка, па така случајно вечерта застана човек и ми ја даде неговата хармоника да отсвирам некоја песна. Таму бев заедно со луѓето од Патриотско Друштво и им благодарам за прекрасното видео, истакнува Методија.
Периодов Методија е во Словенија каде има закажани два концерти а потоа следуваат и други закажани негови настапи.
-Моментално се наоѓам во Словенија каде што имам 2 концерти, еден во Нова Горица а другиот во Крањ. Во блиска иднина, на 10.11.2024 настапувам во село Старчево (Бугарија) заедно со мојата колешка Василија Петрова. Секако има ангажмани и за понатаму во странство и Македонија, но за тоа ќе ве известувам со тек на времето кога ќе бидат готови рекламите.
Младиот стружанец Методија Столески својата музичка кариера ја започна како соло пејач а сега настапува заедно со групата „Седенка“.
-Настапувам со Група Седенка, одлични луѓе, пријатели, но пред се големи и врвни музичари. Групата брои 7 члена од кои и популарната пејачка Елена Андоновска. Можам да кажам дека побарувачката е голема, посебно за свадбените веселби преку сезоната а исто така и преку зимскиот период за Македонија и странство.