АктуелноОхрид

(ФОТО) ЈП „Охридски Комуналец„ со голем број активности за одржување на јавната чистота и зеленило

Генерално чистење на ул.,,Железничка”: метење, шпаклање, отстранување на ниска вегетација од тротоарите и подигнување на расфрланиот ситен отпад; Поради должината на трасата активностите ќе се изведуваат и во следните денови
💧Согласно договорите за изведување градежни активности, реализирани активности за метење и миење на јавните површини околу градежните локации
🍂Во есенскиов период кога лисјата од дрвјата паѓаат, вонредни активности за метење и собирање на паднатите лисја
🍃Екипите на Паркови и зеленило спроведоа активности за чистење и косење на пешачката патека до Горица, Скејт Паркот, кроење на крошните од дрвјата на ул.,,Партизанска” за полесно движење на пешаците, косење на тревни површини ул.,,Галичица”, есенско уредување на украсни форми од зеленило и режење на трендафили
🌼💮🌸Припрема и пресадување на зимска реколта од цветен расад од видот виола (очиња) од сопствено производство.