АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Поради симулациската вежба на МВР, денеска од 10:00 до 14:00 часот ќе биде затворена за движење пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“

Во врска со симулациската вежба на припадниците на МВР која, се одржува и во Охрид, СВР Охрид ги информира граѓаните дека, заради изведување подготвителни активности, денеска од 10 до 14 часот, за движење ќе биде затворена пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“. На овој простор, забрана за движење ќе има и утре, на денот на изведување на показната симулациска вежба во времето од 10 до 13 часот.

Активности поврзани со симулациската вежба, ќе се изведуваат и на одредени точки во водите на Охридското езеро поради што, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во соработка со Капетанија на пристаништа, од 05 до 13 часот, ќе вршат ограничување на внатрешната пловидба на дел од пловниот пат од каналот „Студенчишта“ до комплексот „Инекс“. Ги замолуваме граѓаните, да ги почитуваат ограничувањата и насоките на полициските службеници кои, преземаат мерки од областа на безбедноста.