АктуелноОхрид

Кометата Tsuchinshan-ATLAS видлива е и на небото над Охрид

Кометата Tsuchinshan-ATLAS деновиве е една од најинтересните појави во светски рамки, а видлива е и на небото над Охрид.

Последен пат можеше да се види од Земјата пред 80.000 години, а астролозите ја нарекоа „кометата на векот“, поради нејзината светлина и видливост. Откриена во јануари 2023 година, таа е голема комета, чијашто јачина на светлината би можела да биде најголемата во овој век воопшто. Последниве недели му се приближува до Сонцето и брзо го привлече вниманието на астрономите и истражувачите ширум светот.

Tsuchinshan-ATLAS или скратено „А-3“ е голема грутка од мраз и вселенска прав што доаѓа од Ортовиот Облак којшто се наоѓа во оддалечените делови Сончевиот Систем и го опкружува Сонцето. Се смета дека тој содржи милијарди ледени тела, вклучително и комети, коишто повремено навлегуваат во внатрешниот Сончев Систем поради гравитационите нарушувања. Кометата веќе може да се види од Европа.

Има два клучни периоди за набљудување од Земјата. На почетокот на октомври 2024 година, кометата ќе се појави на исток, ниско на хоризонтот, пред изгрејсонце. Но овој период ќе биде потешко таа да се види. Периодот од средината до крајот на октомври ќе биде најдобар за набљудување, кога вселенското тело ќе се појави на запад, веднаш по зајдисонце. Оддалеченоста од Земјата ќе биде околу 71 милион километри. Астрономите очекуваат дека, доколку условите се соодветни, ќе биде доволно светло за да се види и со голо око, или барем со двоглед. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Ljubomir Talev