Наш ИзборНаш изборОхрид

Без вода улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.