Заради настанат дефектна мрежата на уличното осветлување на Булевар Туристичка на потегот од кружниот тек на пресекот со улицата АСНОМ, па се до бензиската кај Билјанини Извори вечерва нема да има улично о светлување.
Екипите на фирмата ИЦС Системи излегоа на терен, но заради обемот на дефектот вечерва истиот нема да се санира и ќе мора санација да се изврши во текот на утрешниот ден.
Претходно ИЦС Системи интервенира на осветлувањето во „Холандски Парк“ и дел од „Кеј Македонија“ каде исто така имаше дефекти кои се отстранети навреме.