Силниот јужен ветер кој создаде големи бранови во Езерото најверојатно е причина да се откачи усидрениот глисер во Езерото. Глисерот брановите го исфрлија до самиот Кеј „Македонија“, па тој удираше во бетонскиот кеј.
Очигледно скапото пловило утрово, од ударите во кејот, на потегот пред хотел „Ројал“, веќе имаше претрпено поголеми и видливи оштетувања.
Глисерот беше извлечен со дигалка.