АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

(ФОТО) Орбан покажа голема почит кон Православната црква – се поклона и пред Митрополитот Тимотеј

На 27.09.2024 година, во посета на Р. С. Македонија во Охрид допатува Премиерот на Унгарија г-дин Виктор Орбан, а домаќин е Премиерот на Р. С. Македонија г-дин Христијан Мицкоски.

Во рамките на посетата, почитуваниот г-дин Орбан посети и неколку духовни светилишта на македонскиот народ, а помеќу нив и храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид и Галеријата на икони, а потоа, ѝ причини голема чест и на нашата света Дебарско-кичевска епархија, посетувајќи го Административниот центар на Епархијата во Охрид.

Премиерите беа пречекани од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, кој им посака топло добредојде на гостите, а накратко и го запозна г-динот Орбан со историјата на нашата света Црква, како и со значењето на градот Охрид и Охридската архиепископија за нашиот македонски народ.

 

 

Дебарско кичевска епархија