АктуелноОхрид

Пецаков: Денеска имав особена чест и задоволство да ги придружувам премиерите на Македонија и Унгарија, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан во прошетката низ Охрид

Денеска имав особена чест и задоволство да ги придружувам премиерите на Македонија и Унгарија, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан во прошетката низ Охрид.
Како домаќин ги запознав гостите со вонвременската убавина на градот, преку прошетка низ стартот дел и посетата на неколку културно – историски знаменитости. Охрид има голем потенцијал што да понуди во сферата на туризмот што беше нотирано од двете делегации.
Се радувам што Охрид станува препознатлив кај се повеќе луѓе од секаде низ светот, напиша градоначалникот во својата објава.