АктуелноОхрид

Орбан: Дојдени сме за да ѝ помогнеме на Северна Македонија да го реши спорот со Бугарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за унгарското Радио Кошут кое емитува програма од брегот на Охридското Езеро вели дека една од причините за посетата на Македонија е за да се пронајде решение на спорот со Бугарија.

„Северна Македонија има еден конфликт со Бугарија кои го блокираат процесот на нивно присоединување кон ЕУ. Поради расправиите околу положбата на националните малцинства, ние во Унгарија, како актуелен претседавач со ЕУ, сметавме дека треба задолжително да ги посетиме оние држави кои се во најтешка позиција во однос на зачленувањето во ЕУ и да им помогнеме во решавањето на постоечките конфликти. Тоа е една од причините поради кои сум тука. Но, има и поважна причина, ние имаме и други прашања кои се важни, а тоа е прашањето на миграцијата“, рече премиерот Орбан.

Како што изјави Орбан, друга важна причина за неговата посета на Охрид е како што нагласи, фактот што низ Македонија минуваат важни трговски патишта.

„Ако сакаме да ги транспортираме нашите стоки до Унгарија, откако ќе бидат пристигнати по морски пат, нашиот пат до грчките пристаништа води преку Северна Македонија. Економската соработка меѓу двете земји е многу важна“, изјави унгарскиот премиер.

„Порано името на оваа држава беше Македонија, но поради проблемот со Грците мораше да го сменат името во Република Северна Македонија. Јас морам многу да внимавам и токму така да го формулирам името на државата за да не настане определен меѓународен проблем“, рече Орбан.

 

извор: slobodenpecat.mk