АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Охрид под засилено обезбедување поради посетата на Орбан – се обезбедува и Езерото

Во Охрид се преземени сите неопходни мерки за безбедно и непречено движење на владините делегации предводени од премиерите на Македонија и Унгарија. Се обезбедува и Езерото.

Забележително е засилено полициско обезбедување низ улиците во и надвор од градот кој го надлетуваат хеликоптери и дронови. Дислоцирани се и возилата од паркинг местата на булеварот „Турстичка“ и улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“ и Кејот „Македонија“, а з време на движењето на делегациите привремено за сообраќај ќе бидат затворени булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид – Св.Наум.

Безбедносни мерки во сообраќајот ќе бидат преземени и на подрачјето на Пештани и Љубаништа.

Од СВР – Охрид апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои на посочените сообраќајници ќе вршат физичко регулирање на сообраќајот.
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, утрово оствари куса средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид.

Инаку утрово се одржа средба помеѓу Мицкоски и Орбан, по што Македонскиот премиер на својот ФБ профил напиша:

„Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“ по средбата со Орбан.