АктуелноОхрид

Тетар „Хит“ од Скопје со претставата „Младиот чорбаџија“ ќе гостува во Охрид

Во рамки на циклусот културни настани за деца што ги организира Општина Охрид, овој петок  на свцената кај ТЦ Амам со почеток во 18.30 часот ќе се одржи претставата „Младиот Џорбаџија“   во изведба на актерите од Театар Хит – Скопје.

Претставата е работена според мотивите на делата од Марко Цепенков. Целта на настанот е на децата да им се долови културното творештво преку театар, а ќе се укаже на клучни нешта битни за  нивно правилно воспитување и осознавање на вистинските вредности. Однесувањето кон семејството и семејните вредности, почитта, хуманоста, етичките и моралните вредности се само дел од пораките кои се настојува да се пренесат до најмладите.

Двигатели на ролјата ќе бидат актерите: Магдалена Ризова Черних, Сашо Ристовски, Бранко Атанасов  и Ема Давчева. Адаптацијата на текстот е на Сашо Ристовски , сценската визуелизација е на Диди Продукција – Театар  Хит Скопје.