МагазинОхрид

Охриѓанката Ивана Лескароска отворено за двете големи загуби и тешката животна борба

„Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облека, е нешто што не само што не може да се опише, едноставно не сакам никој никогаш да го доживее. Ако за првиот син се помирив со дијагнозата, за мојата втора радост никогаш, ама баш никогаш нема да се помирам“ – вели за CRNOBELO.com Ивана Лескаровски, охриѓанка која со својата храброст и упорност е пример за сите жени.

Ивана Лескароски од Охрид е мајка на Роман Лескароски и сопруга на поранешниот фудбалер Дејан Лескароски, кој во моментов работи како помошник тренер во фудбалскиот клуб „Трим Љум“.

Благодарение на објавите на нејзината пријателка Миа Костова, цела македонска јавност имаше можност да дознае за тешката животна приказна на Ивана, а сега таа за читателите на CRNOBELO.com си ја отвори душата и зборуваше за сето она со коешто се соочила и се соочува во моментов.

По загубата на две деца и 10 спонтани абортуси, Ивана Лескароски имала можност да остане повторно бремена.

Но, и овој пат животот ја ставил во искушение, па иако предвреме го добила својот син Роман, таа истовремено морала да се бори и за животот на сопругот.

Потоа следувал период на затишје, а сега семејството Лескароски се соочува со нова бура.

Ивана води битка против рак на тироидната жлезда, а кај нејзиниот син Роман, на 9-годишна возраст се утврдени пет различни дијагнози со кои тој секојдневно се бори.

Иако животот не ја галел, туку напротив, ѝ приредил голем број искушенија и борби, Ивана наоѓа сила да биде позитивна и на социјалните мрежи се обидува да покаже дека со секој предизвик мора да се избориме гордо и достоинствено.

Кога ќе ја слушнете нејзината приказна, чувствувате дека вашите проблеми се толку неважни и безначајни.

Си помислувате: „Колку удари може да издржи една личност во животот и што е она што ѝ дава сила да остане исправена и да се бори?“

Ивана, за читателите на CRNOBELO.com, како што вели, за последен пат си ја отвори душата, а овој пат сподели голем број детали што досега не ги кажала никаде.

Искрено зборува за тоа како смртта на нејзините две дечиња влијаела врз неа како личност и како со помош на најблиските и пријателите, нашла сила да се избори со сето она што животот ѝ го приредил.

 

Целосното интервју  ТУКА