Наш ИзборНаш изборОхрид

ПОЛЕТАРЧЕ – Програмата за подготовка на деца за во училиште, денес отворен ден

Со големо задоволство ве покануваме со вашите деца, да присуствувате на отворениот ден за едукативно-забавната програма ПОЛЕТАРЧЕ наменета за деца од 3-5 годишна возраст кој ќе се реализира во просториите на Црвен крст Охрид, денес, 10.09.2024 (вторник), од 18-20 ч.
Искористете ја оваа единствена можност и овозможете вашето дете, преку игра, забава и дружење да ја развива и јакне самодовербата, да стекне вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго. Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно.
За уписи во есенскиот циклус на програмата ПОЛЕТАРЧЕ сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046 261909 или 072 246175, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-16 ч.