АктуелноОхрид

(ФОТО) ДЕН 9-OHRID WATER FESTIVAL 2024

Со доделување на наградите на овогодинешните победници на Охридскиот пливачки маратон вчеравечер финишираше овогодинешната програма на Ohrid Water Festival.
⛵Исто така беа доделени наградите на најдобрите учесници „МЕЧ РЕЈС Европски куп 2024“ на кој се натпреваруваа екипи од Франција, Грција, Полска, Шпанија и Македонија.
🖼️Во организација на Подрачното одделение на Државниот архив вчеравечер беше отворена изложба под наслов „Победници на Охридскиот пливачки маратон“ на која беа изложени фотографии од претходните изданија на маратонот.
🎤Публиката имаше можност да ужива во неповторлива забава со познатите хитови на групата Суперхикс.