Заменик министерот за економија и труд – Марјан Ристески, по средбата со хотелиерите се обврза дека владата ќе се заложи категоризацијата да биде реална и објективна, а решенијата за категоризација да се добиваат навремено.
Исто така, заменик министерот потенцираше дека ќе се формира туристичка инспекција со цел конечно да се воспостави ред во туризмот, да се намали нелојалната конкуренција и сивата економија.
На барање на здруженијата на лица со попреченост препорачуваме да се води сметка во хотелите да има пристапни рампи. Срамота е во 21ви век сѐ уште да дискутираме на оваа тема, посебно кога станува збор за олеснување на пристапот за овие лица во јавни објекти и хотели, истакна Ристески.
https://www.youtube.com/watch?v=Kx5GnxtOVK0