АктуелноОхрид

(ФОТО) Дел од тимот на Еко свест Вевчани рамо до рамо со останатите во гаснењето на пожарот на Галичица

Деновиве дел од тимот на Еко свест заедно со ренџерската служба на Вевчански извори-Споменик на природата/Vevchani springs-Monument of nature и волонтери се на терен во National Park Galicica со цел гаснење на пожарот од кој е зафатена планината.
Вработените во националниот парк, Ohrid red cross – Mountain Rescue Service, вработени од другите заштитени подрачја како и волонтери беспоштедно се борат со огнот.
Овие случувања се доказ зошто шумите треба да се приоритет и зошто треба континуирано да се работи на заштита на природата!