среда, ноември 20, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Храбрите момци и девојки кои 12 дена се борат со огнот на Галичица

Ова се едни многу храбри девојки и момци, кои веќе 12 дена, од утро до мрак, беспоштедно се борат и не дозволуваат огнот да ја однесе најубавата шума на северните падини од строго заштитената зона на Galichica NP.
Сигурен сум дека ќе издржат уште долго, бидејќи љубовта кон Галичица им е искрена и чиста, како кон свој родител.
За жал, огнот сеуште сурово ги пустоши источната и особено западната страна, каде неповратно се уништува значаен екосистем, кој тешко ќе се обнови, пишува во својата објава Антонио Додевски , меѓународен планински лидер.