Од рано изутрина сум заедно се екипите кои учествуваат во гасење на пожарот на Галичица, овозможувајќи им поддршка согласно ингеренциите и можностите на Локалната самоуправа.
Состојбата на Галичица е стабилна и се продолжува со гасењето.
Во оваа прилика сакам да ја изразам мојата благодарност до сите инволвирани во справувањето со пожарот на Галичица. Нивното максимално вложување и надчовечкиот напор е за огромна почит, нпиша во својата објава на ФБ градоначалникот Кирил Пецаков.