петок, ноември 22, 2024
АктуелноОхрид

Приведен германски турист кој неовластено допливал до плажата кај резиденцијалните вили кај „Инекс“

На 6-ти август 2024 година, во 13:00 часот во туристичкиот комплекс „Инекс“ во Охрид, полициски службеници приведоа 22-годишно лице од Сојузна Република Германија.

– Пливајќи покрај брегот на езерото, тој излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид