На 04.08.2024 во 02.40 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведенО е едно (25) годишно лице од едно струшко село. При извршена контрола од полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, тој се обидел да фрли бела прашкаста материја што ја имал кај себе. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: СВР Охрид