сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

Пожарот во Косел излегол од контрола поради силен ветер

Пожарот во охридското село Косел повторно се реактивирал, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој утрово рече дека пожарот кај Косел е под контрола и има горење само во еден дел, но поради силниот ветер, како што вели, пожарот избегал од контрола и покрај тоа што 100 лица работат на гаснење на пожарот.

Повторно се јавува проблем со пожарот во селото Косел, Охридско, поради јакиот ветер истиот и покрај тоа што имаат 100 гасначи распоредени на просторот им избегал од контрола и повторно се реактивирал, информира Ангелов.