На 01.08.2024 во 10.10 часот, на улицата „15 корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од лице (50) од Р.Австрија и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице (40) од Охрид, како и паркирано товарно возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „поло“ лице .(43) од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид, а со телесни повреди се здобиле А.И. и неговиот сопатник лице (50) од Охрид, како и уште една сопатничка од возилото „поло“ лице.(22) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.