АктуелноОхрид

Пецаков: Денеска заедно со министерката за образование и наука, Весна Јаневска бевме во посета на ООУ „Св. Наум Охридски“ во село Пештани

Извршено е поставување на нова енергетски ефикасна фасада на целото училиште заедно со спортската сала. Поставена е пристапна рампа со лифт и извршено е опремување на тоалет за ученици со посебни потреби. Во текот на наредниот период, ќе биде извршено опремување на училишната спортска сала со сите потребни реквизити за изведување на наставата по предметот Физичко и здравствено образование.
Исто така, бевме во посета и на градежните активности за реконструкција на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошевски“ каде што Министерството за образование и наука инвестира 110 милиони денари за целосна реконструкција на училишниот објект и ученичкиот дом.
Оваа можност ја искористив да ја информирам министерката и за сите останати инвестиции во училишните објекти кои Општина Охрид ги реализираше во текот на изминатиот период, а беше разговарано за идните реформи кои министерството ќе ги имплементира за подобрување на образовниот процес во основното и средното образование.