АктуелноОхрид

Градоначалникот и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпишаа меморандум за соработка

Заедно со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска потпишавме меморандум за соработка.
Целта на меморандумот е воспоставување на взаемна соработка во насока на зголемување на енергетската ефикасност на јавните објекти, домаќинствата и индустријата, промовирање на зелена транзиција преку градење на капацитетите и размена на вештини.
На работната средба со министерката Божиновска разговаравме и за финансиските обврски на локалната власт по однос на потрошена електрична енергија на јавните претпријатија, а беше разгледана и можноста за реализирање на заеднички проекти, напиша на својот ФБ профил Кирил Пецаков.