На 07.07.2024 година во 15.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека лице од селото Лешани, општина Дебрца, кој на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, го управувал своето моторно возило „ауди“, удрил во мотоцикл што го управувал на (47) години од Охрид.
Веднаш потоа, лицето , заедно со друго лице од охридското село Косел и уште едно лице од селото Лешани, физички го нападнале мотоциклистот и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид.
По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.