понеделник, ноември 25, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Препораки за заштита на населението од топлотни бранови

Чувајте се од топлината.
↪️Избегнувајте излегување и вршење напорна активност за време на најтоплиот период од денот. Останете во сенка, не оставајте деца или животни во паркирани возила, и доколку е потребно и можно, поминете 2-3 часа на ден на ладно место.
💧🥛Освежувајте се често:
🔵Бидете добро хидрирани. Пијте 6-8 чаши вода дневно.
🔵Често туширајте се, за да се oлади телото.
☂️Заштитете се од топлина:
✅Ограничете го физичкиот напор. Ограничете ја физичката активност, особено во периодот од денот кога е најтопло.
✅Носете светла облека и лесна облека, наочари за УВ заштита и капа.
✅Користете креми со заштитен УВ фактор.
✅Избегнувајте непотребно излегување надвор во период од 10 до 17 часот.
✅Одбегнувајте алкохол и акохолни пијалоци, како и пијалоци што содржат кофеин како и екстремно ладни пијалоци.
✅Избегнувајте премногу масна и високо калорична храна, како и храна која содржи шеќери.
🤱👶ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА
⏺️За време на топлотни бранови, здравјето на бебињата и децата може да се влоши брзо. Треба да се преземат одредени мерки на претпазливост за да се намалат здравствените ризици.
💦Хидрирајте ги Вашите деца:
🔷Дајте им чаша вода на секои 20 минути.
🔷Почесто доете го Вашето бебе.
🔷Освежувајте ги Вашите деца често:
🔷Во базен или во бања или туш најмалку двапати дневно.
🔷Освежете ја кожата со влажна крпа неколку пати на ден.
🧢Заштитете ги Вашите деца од топлина:
💠Облечете ги во лесна облека.
💠Покријте ја главата со широка шапка.
💠Никогаш не ги оставајте сами во слабо вентилирана просторија.
💠Никогаш не ги оставајте сами во затворен автомобил изложен на директно сонце.
💠Ограничете ја нивната изложеност на топлина:
💠Ограничете ги нивните активности на отворено, како што се спортските натпревари и други физички активности во најтоплиот дел од денот.
⏰Планирајте активности на отворено пред 10 часот и после 17 часот. Кога топлината е помалку интензивна и Ув зрачење е помало.
Акутните ефекти како резултат на изложеност на високи температури, како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем се превентабилни, односно можеме да ги спречиме.
⭕Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место колку што е можно побрзo. Веднаш напиjте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате. Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, што побрзо одморете се на студено место и напијте се течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час.
⛑️Ако некој член на Вaшето семејство или лице на кое помагате има топла и сува кожа или е во бессознание, веднаш повикајте итна медицинска помош! Додека се чека итната медицинска помош префлете го лицето на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите; отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облоги на вратот, пазувите и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода;
🔻Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија.
👩‍⚕️За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
▶️Други можни ризици по здравјето при високи температури се:
🔸Труење со храна и појавата на цревни заразни заболувања!
🚰Пред употреба задолжително е миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) со безбедна вода за пиење.
🍲Термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фиржидер на +4°C, а пред употребата да се загрее на +100°C.
🛑Избегнувајте прехрамбени производи кои термички не се обработени и бидете внимателни со консумација на сладолед и разни кремови.
Црвен крст Охирд