АктуелноОхрид

Викендов Охрид домаќин на Меѓународен Теквон-до ИТФ натпревар по сите Европски стандарди “ОХРИД ОПЕН 2024”

Викендов што доаѓа, на 22.06 2024 (сабота) , по четврти пат ќе се одржи Меѓународен Теквон-до ИТФ натпревар по сите Европски стандарди “ОХРИД ОПЕН 2024″, во организација на Македонската Традиционална Теквон-до Федерација и Теквон-до клубот”ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид.

Генерален спонзор е “ПН МЕТАЛ” кој е најзаслужен за издигнувањето на овој спортво Македонија и за сите нивни успеси. Овај натпревар ќе биде под покровителство на Општина Охрид и Агенцијата за Млади и Спорт.

Учество имаат пријавено над 300 натпреварувачи, од 31  клуб од 10 земји во регионов, Молдавија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Македонија.