АктуелноОхрид

Пронајдена и одземена марихуана од 23-годишно лице од струшко Ливада

На 16.10.2026 на улицата „Нико Нестор“ во Струга, лишен од слобода е лице на (23) од струшкото село Ливада.

 

При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана.

 

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.