сабота, ноември 23, 2024
Наш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Нека овој празник биде мостот кој не поврзува и потсетник дека само заедно и обединети можеме да се справиме со предизвиците кои ги носи денешницата

Дозволете ми од името на Општина Охрид да Ви го честитам големиот верски празник Курбан Бајрам. Со искрени желби посакувам овој голем верски празник да го минете во добро здравје, среќа и благосостојба .
Нека овој празник биде мостот кој не поврзува и потсетник дека само заедно и обединети можеме да се справиме со предизвиците кои ги носи денешницата. Во духот на вековната традиција на соживот – Курбан Бајрам, е и синоним за меѓусебно почитување без разлика на верска, етничка или било која друга нацинална припадност и токму тоа нека биде повод сите заедно да се радуваме, се вели во честитката од градоначалникот Кирил Пецаков по повод денешниот муслимански празник Курбан Бајрам.