АктуелноОхрид

Света Архијерејска литургија во Храмот Света Софија Охрид – Едноцрквие, во чест на Канонизацијата на Света Спаса Вишенска и Свети Спасе Вевчански

Почитувани верници, со особена радост Ве информираме дека во недела, 09.06.2024, ќе се служи Света Архијерејска литургија во Храмот Света Софија Охрид – Едноцрквие, во чест на Канонизацијата на Света Спаса Вишенска и Свети Спасе Вевчански.
За сите кои имате желба да бидете дел од овој историски чин ќе биде организиран заеднички превоз во 08:00 часот од центарот на Вевчани.
За многу години, по молитвите на Св. Спасе и Св. Спаса, БОГ да не помилува и спаси на сите, информираат од Храмот Св.Никола во Вевчани.