АктуелноОхрид

Албанија со промоција на својот туризам стигна до Нов Зеланд

Албанија ја започна рекламната кампања во Нов Зеланд. Текстот кој е објавен на 2 ри јуни на популарниот сајт „Тhe new zealand herald“ е под наслов „Зошто Албанија стана толку популарна туристичка дестинација за семеен одмор“.

„Албанците ги негуваат децата пред се друго. Ќе ги најдете вашите деца како добиваат ВИП третман каде и да одите“, вели Ема Хејвуд, сопственичка на Undiscovered Balkans, која штотуку започна втор семеен одмор со активности во Албанија, откако забележа зголемена побарувачка за овој вид патувања. „Оваа година видовме рекорден број прашања и резервации од семејства кои сакаат да ја истражат Албанија и поширокиот Балкан. Родителите кои некогаш се воделе со ранци, сега сакаат да ги споделат тие авантуристички искуства со своите деца“, се вели во дел од статијата.