На 04.06.2024 во 07.20 часот, кај тунелот на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лице на (67) од Битола и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (56) од охридското село Требеништа.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Ерамо“ во Охрид.
Увид на местото изврши екипа на СВР Охрид