Наш ИзборНаш изборОхрид

Акција за расчистување на тревните површини од Горна Белица кон Вишни

Советот на МЗ Горна Белица во пресрет на летната сезона организира акција за расчистување на тревните површини низ селото и на патниот правец Горна Белица кон Вишни.

Акцијата предвидува косење на тревните површини и кастрење на андвиснати гранки, а ќе се одржи на 9 јуни (недела) со почеток во 8 часот.

После акцијата попладнето во 15ч во Домот во Горна Белица ќе се одржи годишно собрание на МЗ Горна Белица на кое ќе се сублимираат активностите од 2023 и ќе се истакнат плановите за идните активности.

По завршувањето на Собранието се предвидува заеднички ручек во домот.

 

МЗ Горна Белица