Наш изборНаш ИзборОхрид

Лишен од слобода поради агресија кон друго лице

На 24.05.2024 година во 00.20 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е лице на (51) од Охрид.

Тој се сомничи дека на улицата „7 ноември“ во Охрид, бил агресивен и му се заканувал на лице на (62) од Охрид со што, ја загрозил неговата сигурност.

При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа остар предмет. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.