АктуелноОхрид

Медицинскиот персонал од болницата за кардиоваскуларни заболувања беше вклучен во одбележување на Светскиот ден на хипертензија( покачен крвен притисок

Денес дел од медицинскиот персонал беше вклучен во одбележување на Светскиот ден на хипертензија( покачен крвен притисок). Имавме можност на охриѓани, но и бројни гости на Охрид да им ја потенцираме важноста од рано откривање, адекватно лекување и промена животните навики со цел да ги намалат ризиците од коронарна болест и мозочен удар. Во ваквите активности ги вклучивме и нашите пациенти кои се вклучени во стационарниот програм на кардиорехабилитација. Благодарност до АД Галеб од Охрид кој го овозможи транспорот на нашите пациенти од нашата болница до центарот на Охрид.