На предлог на Комисијата за канонизација на нови светители при САС, Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, одлучи во диптихот на светиите да ги впише светата Девственомаченичка и исповедничка Спаса Вишенска и светиот исповедник и праведен Спасе Вевчански.
Торежествата за нивната прослава ќе бидат на 08 и 09 јуни 2024 година.
На 08.06 во храмот Св. Атанасиј Велики во Вишни ќе биде отслужена Вечерна Богослужба по што ќе следи измивање на моштите на света Спаса и истите ќе бидат пренесени во Катедралниот храм Света Софија во Охрид, каде следниот ден на 09.06, на светата Архиерејска Литургија, ќе биде обзнаена одлуката за нивното прославува.
Одборот за нивна канонизација при Дебарско-кичевската епархија, дополнително ќе излезе со информации и детали околу свеченостите и програмата за овие торжества.