АктуелноОхрид

Седум месечно бебе од Вевчани починало по пад од импровизиран кревет во семејниот дом

На 14.05.2024 година во 01.04 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седуммесечно бебе од Вевчани, кое, претходниот ден околу 16 часот, било донесено во болницата од неговата мајка. Бебето, според пријавеното било примено во болницата со хематом на главата и по констатирано мозочно крварење, веднаш била извршена операција. Според изјавата на неговата мајка, повредите настанале по пад од импровизиран кревет во семејниот дом во Вевчани. По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.

Дознаваме дека мајката по падот веднаш детето од однела болница од каде ја преупатиле во друга. Реагирано било веднаш но исходот за жал бил фатален.

извор:СВР Охрид