Жаклина Лазареска не стана пратеник бидејќи нејзината партија доживеа истоирски колапс на изборите. Таа беше кандидирана на редниот број шест во Петтата изборина единица, но нејзината партија СДСМ во оваа Изборна единица осви едвај 4 пратеници, па така СДСМ нема да има пратеник од Охрид, што е и оправдано бидејќи таа партија и не треба да има пратеник од нашиот град, ако се знае дека на изборите во Охрид, градот од каде е Лазареска, СДСМ освои смешни 4600 гласа, што е нај слаб резултат од постоењето на партијата во градот.
САМА ОСТАВЕНА ОД СИТЕ СЕ БОРЕШЕ ДО КРАЈ – Иначе како што и претходно пишувавме , таа остана сама на бојното поле, и додека таа жестоко напаѓаше другите се криеја и ги полена џебовите во последните месеци од владеењето на партијата која ги именува на фунцкии, па така најголем дел од директорите именувани од власта на СДСМ во Охрид во кампањата се појавија само еднаш, на прошетка покрај езеро, а тоа гледаа да не го постираат ни на нивните ФБ профили. ПОВРЗАНА ВЕСТ: