АктуелноВидеаВидео

Пецаков: Не нарекуваа „дечиња“ – епа еве ги тие „дечиња“

Обраќајќи се пред илјаден народ на прославата која ВМРО ДПМНЕ ја имаше на плоштадот во Охрид  , градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков се наврати на деновите во 2017 кога партијата замина во опозиција, комитетот беше оставен во хаос и група млади луѓе кои пред тоа „пораснаа“ во младинските тела на партијата предводена од Кирил Пецаков, Сашо Донев, Александар Китески и уште десетина други  се нафатија да го превземат комитетот и од речиси невозможна ситуација да тргнат во борба со тиранијата која СДСМ почна да ја спроведува врз се што не било дел од „Шарената револуција“.

Партијата тогаш  беше директно саботирана од поранешни функционери од своите редови,  во партискиот комитет не стапнуваа оние кои најмногу се офајдија од партијата како финансиски, така и со привилегии. Дел од нив веќе беа во „ скутот“ на Заев, и активно ширеа скептицизам кон младото раководство на партијата кое во тие месеци не можеше да ги измири сметките за потрошена струја и интернет во комитетот, притоа со потсмев нарекувајќи ги „Дечиња кои ќе воделе партија“.

„ На крај и она за што сум посебно горд. Кога ВМРО ДПМНЕ стана опозиција мноигу луѓе посебно од ВМРО ДПМНЕ кои биле функционери викаа дека се собрале неколку дечиња и ќе прават партија. Еве ги тие „дечиња“ ! – рече Пецаков.