АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Жаклина оставена сама да војува со Пецаков и цело ВМРО ДПМНЕ Охрид

Вчерашните „судири“ на Фејсбук помѓеу пратеничката Жаклина Лазаревска и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков ако се погледнат според јавно покажаната поддршка од членството и функционерите на двете партии , може да се заклучи дека пратеничката Лазареска вчера војуваше сама против Пецаков без никаква поддшка од нејзините сопартијци кои останаа глуви и неми на случувањата на Фејсбук, додека од друга страна членството на ВМРО ДПМНЕ и функционерите останаа сплотени во редовите контра осамената Лазаревска.

ЖАКЛИНА СДСМОВСКА ХЕРОИНА – ДОДЕКА СИТЕ СЕ КРИЈАТ ТАА ( ИЛИ СЕ ПАЗАРАТ СО ВМРО – ДПМНЕ ) ТАА  САМА ВОЈУВА СО ЦЕЛО ВМРО ДПМНЕ

На постот на службената ФБ страна со кој Лазаревска прва го нападна Пецаков, денес по повеќе од 24 часа има едвај 50 лајкови. Но ако се проанализираат лајковите ќе видите дека нејзиниот пост го лајковале за  јавноста непознати луѓе, а единствен од партијата СДСМ, до некаде познат на јавноста кој лајкнал кај Лазареска е портпаролот на СДСМ Охрид, Јован Крлев. Од партијата СДСМ лајк добила од организацијата на СДСМ во Македонски Брод. На постот нема лајк дури ни од претседателката на СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотоска, а нема лајкови ниту од некој од директорите поставени од СДСМ во градот Охрид.  ЛИНК ДО ПОСТОТ ОД ЛАЗАРЕВСКА

Од друга страна на постот од Пецаков , кој не е објавен на негова службена страна туку на приватен профил има 377 лајкови, најголем делсе исто како кај Жаклина од за јавноста целосно не познати личности, но има и голем дел кои се познати на јавноста, директори, па дури и од партиски функционери од Скопје. ЛИНК ДО ПОСТОТ ОД ПЕЦАКОВ

Дека функционерите од СДСМ последниве шест месеци се редат во ред на „баци рака“ кај врвот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид е јавна тајна. Никој од истакнатите имиња на партијата во минатото не се појавува во јавноста, а актуелните функционери во Охрид никаде ги нема и никој не знае што прават и што работат.

Единствен активен е директорот на библиотеката Милчо Јованоски, но неговите активности се во просториите на библиотеката, каде организира матинеа, а понекогаш на ФБ знае да изненади и разбие монотонија со некоја онлајн игра за гатање од типот „ Допри ја бананата да ти каже каков карактер имаш“.  Иако е нај активен во работата, политички став, лајк на било каков политички пост од СДСМ ни од него не сме виделе, па дури ја игнорира и Жаклина Лазаревска која важи за многу бликса до него.

Нај не активна секако е претседателката на СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотоска, која во јавноста се појавува еднаш годишно, а и т аа или не видела во каков „клинч“ се најде пратениката Лазаревска, или едноставно и таа како и сите директори се прави дека не гледа што се случувало и мирно си го врви денот.

ДАЛИ ТИЕ КОИ ЈА ОСТАВИЈА САМА ДА ВОЈУВА ВЕЌЕ СКЛУЧИЛЕ ДОГОВОРИ СО ВМРО ДПМНЕ И ДАЛИ  МЕРКААТ ПРАТЕНИЧКИ ФОТЕЉА ? !

Ваквото игнорирање на Лазареска од страна на целиот градски естаблишмент инсталиран од СДСМ во Охрид отвора две главни прашања :

1 Дали директорите од СДСМ веќе се „ договориле “ со ВМРО ДПМНЕ да си седат мирни и да го чекаат крахот и крајот на СДСМ, а за себе да си обезбедат мир после смената на власта  ? !

2 Дали директорите од СДСМ се надеваат да се најдат на листите за пратеници на изборите, а после поразот на СДСМ да си обезбедат мир и никој да не ги чепка за тоа што правеле додека биле директори ? !