На првата прес-конференција на ДИК претседателот на Комисијата Александар Даштевски соопшти дека до 9 часот од 1009 избирачки места, од вкупно запишани 547041 гласачи гласаче 22797 лица, односно 4,17%. Најголема излезност во моментов за претседателските избори има во Пробиштип, 8,85%, а најмала во Боговиње, 0,57%. Во споредба со вториот криг од претседателските избори во 2019 година, има намалување на излезноста од 1.99%.
До 9 часот простигнати се податоци од 1033 избирачки места за парламетарните избори. Од вкупно 564780 гласачи запишани на овие избирачки места, вкупно гласале 25132 гласчи, односно 4,45%. Најголема излезност за парламентарните избори до 9 часот има во Кривогаштани, 9,46%, а најмала во Боговиње, 1,43%. Во споредба со претходните парламентарни избори во 2020 има намалување од 0,74%.
Излезност по изборни единици за парламентарните избори:
ИЕ 1 4,85%
ИЕ 2 3,64%
ИЕ 3 6,26%
ИЕ 4 5,52%
ИЕ 5 4,41%
ИЕ 6 2,24%.