ДИК ги соопшти најновите информации за излезноста на двојните избори до 11 часот.
За претседателските избори излезноста е 12,87%. Најголема излезност има во Пробиштип, 27,85, а најмала излезност во Липково 1,76%.
На претседателските избори е забележана нешто поголема излезност за разлика од првиот круг.
„Може да се забележи дека во источна и централна Македонија повеќе гласачи гласале на претседателски избори, додека во западниот дел излезноста е помала“, рече Александар Даштевски, претседател на ДИК.
За парламентарните избори излезноста е 13,69%. Најголема излезност има во Кривогаштани 28,38, а најмала излезност е во Врапчиште 5,2%.