петок, ноември 15, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Велигденски украси на градскиот плоштад Св.Климент Охридски

Денеска на плоштадот Свети Климент Охридски  бше поставено великденско украсно јајце со  христијанскиот поздрав Христос Воскресе, две дрвени клупи и други реквизити  наменети за најмладите .

Украсите  се дело на академскиоит  скулптор Зорица Азеска Спасеска, професорка по ликовно образование во  ООУ Ванчо Николески од Лескоец.

Локалната самоуправа, секоја година ќе обезбедува нови реквизити и украси кои ќе  го красат градот за време на Велигденските празници. Целта е секој кој ќе се фотографира пред наведените украси со себе да понесе фотографија  – спомен на нашиот Ерусалим на Балканот.

Општина Охрид во соработка со ЈП Градски Пазар во духот на Велигден и оваа година ќе го организира велигденскиот базар. Покрај продажно-изложбениот дел, во рамки на програмата предвидена е и културно-уметничка програма на која ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“ и КУД „Филиграни“.

На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници I производители на охридски и македонски традиционални јадења.

Велигденскиот базар и оваа година ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно. Исто така, ОО на Црвен крст ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани.