АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Распоред на богослужбите за Страсната седмица и Воскресението Христово – Света Пасха

28 април – ЦВЕТНИЦИ
21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час

29 април – ВЕЛИК ПОНЕДЕЛНИК
07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови
16:00 ч. – Велико повечерие
21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час

30 април – ВЕЛИК ВТОРНИК
07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови
16:00 ч. – Велико повечерие
21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час

01 мај – ВЕЛИКА СРЕДА
07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови
16:00 ч. – Мало повечерие
21:00 ч. – Утрена, Прв час

02 мај – ВЕЛИК ЧЕТВРТОК
08:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Василиева Архиерејска Литургија
11:15 ч. – Општ Маслосвет
16:00 ч. – Мало повечерие
19:30 ч. – Утрена со 12 Страдални Евангелија (после 5-то Евангелие: Распетие Христово)

03 мај – ВЕЛИК ПЕТОК
07:00 ч. – Царски Часови, Изобразителна
09:00 ч. – Вечерна со Погребение Христово и полагање на светата Плаштаница во Кувуклијата. Мало Повечерие
18:30 ч. – Утрена, Оплакување на Христа и литија со Плаштаницата

04 мај – ВЕЛИКА САБОТА
09:00 ч. – Часови, Вечерна со Василиева Архиерејска Литургија
23:30 ч. – Полуноќница со канонот од Велика Сабота: Волною морскою


Распоред на богослужбите за Воскресението Христово и

Светлата седмица

5 мај – ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН (ПАСХА)
00:00 ч. – ДОЈДЕТЕ ПРИМЕТЕ СВЕТЛИНА
00:15 ч. – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
00:30 ч. – Утрена, Златоустова Архиерејска Литургија
17:00 ч. – Вечерна на Љубовта со читање на повеќе јазици на Евангелието за Воскресението во манастирот Свети Георгиј Победоносец – РАЈЧИЦА

6 мај – СВЕТОЛ ПОНЕДЕЛНИК
08:30 ч. – Пасхална Утрена, Златоустова Архиерејска Литургија – Веднаш после Литургијата: Пасхална литија – Покрсти со поклонение на моштите во манастирот Свети Георгиј Победоносец – РАЈЧИЦА

7 мај – СВЕТОЛ ВТОРНИК
08:30 ч. – Пасхална Утрена, Златоустова Архиерејска Литургија
16:00 ч. – Ктиторска вечерна богослужба со традиционалната Струшка Еордија (Литија), во храмот на Св. Георгиј Победоносец во Струга, со почеток во 16 часот

10 мај – ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА
08:30 ч. – Пасхална Утрена, Златоустова Архиерејска Литургија – веднаш после Литургијата: Пасхална литија – Покрсти во Пречиста на местото Господинец

Ви посакуваме благодатни денови и добро Воскресение!

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител