АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Затворена за сообраќај дел од 7ми Ноември

Затворена за сообраќај дел од 7ми Ноември

Градежните активности на улицата „7-ми Ноември“ се одвиваат по предвидениот план и динамика. завршена е атмосферската канализација по должината на целата улица, а исто така извршена е девијацијата на фекалната и индустриската канализација од поранешните индустриски капацитети долж улицата. Поставено е јавното осветлување и маркирани и уредени се површините предвидени за автобуски постојки, велат.

Од ЈП „Охридски Комуналец“ направија подготовки за хортикултурно уредување на тротоарите.

Активностите за реконструкција на улицата започнаа на крајот од август минатата година, а проектот опфаќа изградба на нова атмосферска канализација, нови тротоарски површини и велосипедски ленти, спуштање на водовите на кабелските и другите оператори и реконструкција на коловозот. Вредноста на истиот изнесува 39 милиони денари.