На мое големо задоволство присуствував на Саемот за образование и кариера каде како заменик-градоначалник на Охрид во своето обраќање пред присутните истакнав дека образованието е клучот кој ја отвора вратата кон бескрајните можности, а знаењето ја дава најголемата моќ за остварување на сите соништа, напиша на својот ФБ профил заменик градоначалникот Перчо Божиновски.
Во продолжение објавата ја пренесуваме во целост:
Овој настан претставува значаен чекор за нашите млади, кои стојат пред предизвикот за изборот на соодветна кариера. Во ова време на брз развој, важноста на правилниот избор на образование е нешто што не може да се потцени. Тој ги одредува индивидуалните патишта, но има и големо влијание на општествениот развој во целост.
Изборот на кариера не треба да биде само одлука, туку процес на размислување, истражување и самосвест. Младите треба да бидат поттикнати да ги истражуваат своите интереси, да ги проучуваат своите таленти и да ги разгледаат можностите што им се отворени.
Овде, на овој саем, имаме привилегија да претставиме 5 средни училишта и 11 високообразовни институции, кои нудат различни можности и перспективи. Би сакал да упатам благодарност до сите нив за учеството и секако да го поздравам ангажманот на Младинскиот центар во заложбите за креирање младински политики и реализирање активности кои се од големо значење за младите во нашиот регион.
Општина Охрид секогаш е подготвена да даде поддршка на вакви иницијативи и да стимулира ваков вид настани.
,,Образованието е најмоќното оружје кое може да се употреби за да се менува светот.”, рекол Нелсон Мандела, една од најзначајните политички фигури во светската историја. Затоа, бидете мудри, бидете храбри и донесете ја вистинската одлука, за тоа каде ќе го продолжите своето образование!
Во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков посакувам многу големи успеси, со надеж дека голем дел ќе остварат значајни кариери, кои ќе дадат значителен придонес за иднината на нашиот Охрид и нашата Македонија.
извор: ФБ Перчо Божиновски