сабота, ноември 16, 2024
Наш изборНаш ИзборОхрид

Повредена 36-годишна жена од Куманово во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Кичево

На 23-ти април 2024 година, во 21:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило марка „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 60-годишно лице од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 36-годишна сопатничка, исто така од Куманово, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево. информираат од МВР.