Започна завршната фаза од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму започнаа активности за гребење на постоечкиот асфалт, по што следуваат подготовките за асфалтирање.
Претходно на оваа улица се постави нова канализациона мрежа, се реконструираа тротоарските површини и велосипедски патеки и се постави ново осветлување, пишува во својата објава градоначалникот Кирил Пецаков.