Наш изборНаш ИзборРепублика

Полицијата изврши претрес во затворот „Идризово“, пронајдена поголема количина недозволени предмети

Поголема кличина на недозволени предмети се откриени при претресите што утрово беа извршени во Казнено поправната установа Идризово со цел обезбедување доказни материјали, информира за МИА директорот на КПУ Идризово – Скопје, Зоран Јовановски.

Тој нагласи дека веќе се завршени претресите.

Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал, информира претходно ОЈО Скопје.